145
Во екот на растечките економски и безбедносни тензии меѓу Пекинг и Вашингтон и конкуренцијата за глобално влијание меѓу Кина и Соединетите Држави, претседателите Џозеф Бајден и Си Џинпинг денеска ја одржаа првата средба „очи во очи“ откако американскиот претседател ја презеде функцијата пред речиси две години.
Кога го започнаа разговорот, Бајден рече дека тој и Си имаат одговорност да покажат дека нивните нации можат да управуваат со нивните разлики и да идентификуваат области на меѓусебна соработка.
Си рече дека се надева дека ќе го „подигне нивото на меѓусебните односи“ со Бајден и изрази подготвеност да има „чесна и длабинска размена на мислења“ со неговиот американски колега.