Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска во парламентарна истрага изјави дека не постојат докази дека намерно измамил пратениците со информациите за нелегалните забави кои се случуваа во неговата канцеларија за време на карантинот поради пандемијата на Ковид-19.
Парламентарниот одбор за привилегии ги истражува изјавите кои Џонсон ги дал во Парламентот во декември 2021 година, особено дали намерно ги намамил пратениците на нелегалните собири кој се случувале во канцелариите и резиденциите на Даунинг стрит, од кои на некои присуствувал и самиот, кога изјави дека не се прекршени никакви правила и почитувани се сите мерки против вирусот ковид-19, наведе „Ројтерс“.
Во доказниот документ од 52 страници што го достави до комисијата, Џонсон рече дека прифаќа дека Долниот дом бил измамен од неговите изјави, но ги отфрли наводите дека намерно го лажел Парламентот.