168
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се сретна со конгресмени од Републиканската партија за да ги притисне САД да го задржат истото ниво на помош за Украина како и досега, со цел да се одбранат од руски напад.
Џонсон разговараше со претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, изјави членот на Комитетот за надворешни работи Џо Вилсон, пренесе „Ројтерс“.
Предвидено е Џонсон да се сретне и со група републикански сенатори, пред се Тод Јанг.