Амал и Џорџ Клуни се еден од најпопуларните парови меѓу јавните личности, кои привлекуваат внимание каде и да се појават.
Посебно се коментира стајлингот на убавата адвокатка, која редовно ги засенува сите, а често ја нарекуваат и „кралица на стилот“.
Тоа се случи и неодамна на годишната церемонија на доделување награди на Кенеди Центарот во Вашингтон, кога сите очи беа вперени во двојката Клуни.
За оваа пригода, Амал избра долг црвен фустан со вел, а Џорџ носеше елегантен црн костум и бела кошула.
И додека неговата сопруга воодушеви со нејзиниот стајлинг, Џорџ уште еднаш покажа зошто е еден од најпосакуваните мажи на светот и со своите џентлменски потези ја воодушеви и Амал и сите други дами.
Имено, во еден момент Амал се заплетка во велот на нејзиниот фустан, а бидејќи сама не можела да го исправи, на помош ѝ пришол сопругот и го наместил велот за таа да продолжи непречено да позира и да се покаже во полн сјај.