🎞Спектакл за ТикТок, хаос за властите: Русинки позираа додека летаа дронови над Сочи

од Весна Петровска
21 прегледи

Две млади ТикТокерки, Дарја Владимирова (21) и Карина Евгениевна (19), се уапсени во Русија откако снимија видео пред запалено нафтено складиште на „Росњефт-Кубаннефтепродукт“ во црноморското летувалиште Сочи, кое претходно беше погодено од украински дронови.

На видеото, кое предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, двете девојки мирно позираат и рапуваат на песната „Crimson Dawn“ од познатиот руски рапер Endspiel, додека зад нив беснее пожар кој зафатил едно од складиштата со гориво.

На интернет се појави и фотографија која наводно го прикажува триото (две девојки и едно неидентификувано момче) во полициски притвор.

Инцидентот се случил откако украинскиот напад предизвикал силна експлозија и пожар во објект кој располага со 41 резервоар со вкупен капацитет од над 31.000 кубни метри. Според локалните власти, запалил резервоар со околу 2.000 кубици гориво.

Нападот довел и до привремено затворање на аеродромот во Сочи, а жителите во тој дел на Русија слушнале над 20 експлозии. Се активирале сирени, а преку јавни разгласи биле испратени предупредувања за дронски напади.

Полицијата веднаш покренала истрага и објавила јавен апел за помош во идентификацијата на девојките:
„При мониторинг на интернет е пронајдена објава во која две девојки снимаат видео со позадина на пожарот во Сочи. Полицијата започна проверки, а нивното однесување ќе биде правно оценето,“ стои во соопштението.

Иако конкретните причини за нивното апсење не се официјално наведени, бројни руски медиуми и коментатори шпекулираат дека причината може да биде тоа што нивното видео може да изгледа како „романтизација“ на украинскиот напад врз руска територија, што властите го сметаат за недозволиво.

Остро ги критикуваше и познатата поддржувачка на прокремљовската цензура Јекатерина Мизулина (40), која изјави:
„Младите снимаат содржини додека дронови летаат над Сочи. Се прашувам каде исчезна инстинктот за самозаштита? Зарем не сфаќаат дека ова е едноставно опасно?“

Слични содржини