🎥📸Дензел Вашингтон стана свештеник

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Познатиот холивудски актер Дензел Вашингтон се крсти во саботата во храмот Кели во Њујорк и доби свештеничка дозвола. Пред самиот чин на крштевањето, 69-годишниот актер низ солзи рече: „Помина малку време, но конечно сум тука“.

Неговата изјава до медиумите ја пренесе архиепископот Кристофер Брајант, а ја објави „Пејџ Сикс“.

„Ако Бог може да го направи ова за мене, нема ништо што не може да направи за вас. Небото е буквално граница“, наводно додал актерот.

Проговори и неговата сопруга Паулета Вашингтон, пресреќна што, како што истакна, „го направил овој голем чекор во својата вера“.

„Четириесет и шест години подоцна, јас сè уште стојам до него како што само Господ може да го среди“, рече актерката, која со Дензел ги има синот Џон (40), ќерката Катја (37) и близнаците Оливија и Малколм (33). Нејзиниот сопруг седна на скалите на говорницата, навидум бришејќи ги солзите.

„Значи, јас сум многу горда на тебе. Ти си глава на нашиот дом и им даваш одличен пример на нашите деца, кои сега се пораснати и ја знаат разликата, бидејќи им ја покажавме разликата“, рече Паулета.

Крштевањето на двократниот оскаровец се случи откако пред еден месец зборуваше за религијата во Холивуд.

„Кога ќе ме видите, ќе го видите најдоброто што можев да го направам со она што ми го даде мојот господар и спасител. Не се плашам. Не ми е гајле што мисли некој. Видете, зборуваме за делот на стравот – не можеш така да зборуваш и да добиваш Оскар. Не можете така да зборувате и да се забавувате. Не можете да го кажете тоа во овој град. Сега сум слободен. За ова не се зборува во овој град. За тоа не се зборува. За тоа не се зборува. Не е модерно. Не е секси. Но, тоа не значи дека луѓето во Холивуд не веруваат“, рече тој за време на интервјуто за Esquire во ноември.

Во таа прилика тој истакна и дека „во Холивуд не постои група на актери верници“.

„Што воопшто значи Холивуд? За мене тоа значи улица наречена Холивуд булевар. Не е како сите да се сретнеме некаде и да разговараме за она во што веруваме. Така што не знам колку други актери веруваат. Не направив анкета. Како би дознал? Мислам, нема состаноци на верници актери на кои сум бил“.

Слични содржини