🎥 „Ај живели!“ – Пратеник испи пијалок од својот чевел на крајот од својот последен говор

од Марта Пешевска
18 прегледи

Кајл Мекгин, пратеник кој се простува од парламентот на Западна Австралија, го заврши својот последен говор на необичен начин – испи пијалок од својата чевла.

„Долго и напорно размислував како да го завршам овој говор“, изјави Мекгин пред да се напие.

Тој беше пратеник два мандата и сега заминува од функцијата. Претседателката на Законодавниот совет, Алана Клаузи, изјави дека овој чин бил „на работ да го навреди достоинството на советот“.

Сепак, овој необичен гест привлече големо внимание и сигурно ќе остане запаметен како една од поинтересните завршници на говор во парламентот.

 

Слични содржини