Андреј Вучиќ, висок функционер на Српската напредна партија (СНС) и брат на претседателот Александар Вучиќ, вчера предводеше група мажи кои се упатија кон таканаречениот „Чациленд“, населба слична на логор изградена во самиот центар на Белград, каде што се собираат поддржувачи на Александар Вучиќ.
Видео објавено на Инстаграм го прикажува братот на претседателот Вучиќ како оди во толпа, опкружен со помлади мажи, додека полицијата ги придружува.
Андреј Вучиќ им извикуваше „Усташи“ на демонстрантите.
Погледнете го видеото:
Протести се одржуваат во многу градови низ Србија поради нападите на поддржувачите на СНС што се случија синоќа во Врбас и Бачка Паланка, кога пиротехнички средства и други предмети летаа кон демонстрантите, а полицијата не реагираше.