Пратеникот и градоначалник на Сињ, Миро Буљ му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека нема разлика меѓу сегашна Хрватска и поранешна НДХ. Вучиќ ја даде споменатата изјава откако Хрватска донесе одлука да го забрани влезот на просрпските и проруските црногорски функционери Андрија Мандиќ, Милан Кнежевиќ и Алекса Бечиќ, пренесе Данас.рс.
„По-Четникот на Шешељ, Александар Вучиќ, по стоти пат ги замајува Хрватите и ја напаѓа Хрватска, наместо да биде во доживотен затвор.
Шугавец и кукавица е, во Глина ’95. ги поттикнуваше Србите да ги убијат своите соседи Хрвати поради т.н. Голема Србија. Кога се пукаше, кутриот ’отрча’ како зајаче, побрзо од куршум, кон белградска Теразија“, напиша Буљ.
Тој сподели и видео од посетата на Вучиќ на Загреб во 2018 година, како и од говорот на Вучиќ од 1995 година. „Погледнете го видеото од 12 февруари 2018 година, како ненадејно го пресретнав четникот Вучиќ, кога тој беше топло прегрнат и бакнуван од Колинда и Пленковиќ во Загреб“, изјави Буљ.
Српскиот портал Данас потсетува и дека Вучиќ се појави во окупирана Глина во 1995 година како помошник на Шешел. На тамошните Срби им зборуваше за српската Банија, српската Глина, за тоа како „почнале војна против усташката власт“ и ги пофалил за тоа. Тој исто така рече дека Банија никогаш повеќе нема да биде Хрватска, а ја увери толпата дека ќе живее во Голема Србија.