🎥 Четворица мртви, тројца повредени во страшна сообраќајка во Грција

од Илинка Илиоска

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.

Според првичните информации кои ги пренесоа грчките медиуми, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и „закачило“ автобус што минувал.

Од силината на ударот возилото буквално се распаднало и патниците загинале на лице место.

Слични содржини