🎥 Џиновска кошаркарка од Кина е несопирлива

од Milan1
144 прегледи

Кинеската кошаркарка Жанг Жију, има 17 години и висока е дури 220 сантиметри. Тинејџерката дебитираше во ФИБА натпреварите на Азискиот куп 2024 за девојки до 18 години. Оваа девојка за која се предвидува да доминира во женската кошарка во годините што доаѓаат, ја покажа својата исклучителна моќ на мечот со селекцијата на Јапонија на кој постигна 44 поени (20 од 22 од поле), 14 скока и 5 асистенции.

На претходниот натпревар против Нов Зеланд нејзините бројки беа 36 поени (16 од 20 од поле), 13 скока и 4 блокади.

За тоа како изгледа Жанг Жију во споредба со своите врснички на теренот сведочи и видеото на ФИБА.

Слични содржини