🎥 Дрога, мистериозни пораки, женска облека и оружје: Шокантни фотографии од вилата на Паф Деди – еве што пронајде полицијата

од Марта Пешевска
33 прегледи

На судењето за трговија со луѓе против музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс, беа прикажани нови, шокантни фотографии направени за време на полициската рација во неговата луксузна вила на островот Стар Ајленд во Мајами. Специјалниот агент Џерард Ганон од Министерството за внатрешна безбедност сведочеше пред поротата на федералниот суд на Менхетен, опишувајќи што било пронајдено при рацијата во март 2024 година.

Рацијата била спроведена со употреба на оклопно возило за да се пробијат безбедносните порти од имот вреден 40 милиони долари. Меѓу експонатите презентирани во судницата се наоѓаа делови од автоматски пушки АР-15, од кои на некои им биле отстранети сериските броеви – што, според агентот Ганон, го отежнува или дури прави невозможно нивното следење. Една од пушките имала и „црвена точка“ – ласерско помагало за прецизно нишанење.

Во еден момент, агентот отвори кеса со докази во која имало ножици и ја покажа пушката директно пред поротата, уверувајќи ги дека е безбедна. Поротниците внимателно ја набљудуваа драматичната демонстрација. Освен оружје, беа пронајдени и големи количини чуден прибор и течности. Три големи кутии содржеле вкупно 26 шишиња бебешко масло „Џонсонс“ и 16 шишиња лубрикант „Астроглајд“. Според обвинителството, овие течности биле користени за време на наводни сексуални забави во вилата.

Во сведочењето, машкиот ескорт Шараи Хејс, познат како „Казнувачот“, изјави дека бил платен да учествува во сексуални сценарија со поранешната девојка на Диди – Кеси Вентура, додека раперот ги набљудувал, сокриен зад превез што го покривал неговото лице.

На фотографиите од внатрешноста на вилата, прикажани во судницата, се гледа огледало покриено со пораки напишани со кармин и шминка. На него се читале пораки како: „Продолжи понатаму“ и „ШТО САКАШ?“, додека други биле нечитливи поради светлината и одразот од стаклото.

Бањата била раскошна, со мермер и злато, но целосно неуредна, покриена со козметички производи и хигиенски средства. Дополнително, беа презентирани фотографии од кутии полни со високи потпетици, со огромни платформи – слични на оние што ги носат танчерки и стриптизети. До еден пар чевли се наоѓала кутија со впечатливо едноделно бикини во лимета зелена боја.

Диди веќе претходно беше обвинет за употреба на дрога GBH, а при оваа рација биле запленети и супстанции за кои се сомнева дека се недозволени.

Судењето продолжува, додека јавноста со неверување ги следи откритијата од оваа бизарна и вознемирувачка истрага.

Слични содржини