Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица.
Заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа запаленото возилото веднаш откако огнот бил изгаснат.
Вчера кризниот штаб на Пехчево одржа седница на која се донесе одлука пожарот да го гаснат два полициски хеликоптери.