🎥 Ендру Тејт се бореше со 60 луѓе по ред, рундата траеше три минути: „Никој не може да ме победи!“

од Марта Пешевска
27 прегледи

Познатиот инфлуенсер Ендру Тејт објави на социјалните мрежи дека се борел против 60 луѓе во Дубаи и дека сите ги победил. Во видео што го сподели на своите профили, Тејт вели дека целиот настан траел повеќе од три часа, при што секој негов противник се борел со него во рунда од три минути. Помеѓу рундите имало паузи од една минута. Еден од противниците на Тејт заврши со скршен нос и крв на лицето, како што може да се види во видеото.

„Се борев против 60 луѓе по ред, рундите траеја по три минути, со минута пауза помеѓу. Сите бевме повредени, но никој не ме запре. Војната е вечна“, напиша Тејт.

Во коментарите под објавата, многу од неговите следбеници критикуваа дека не е фер да се бори со луѓе кои не се тренери и дека тие не биле достојни ривали.

 

Слични содржини