Полскиот премиер Доналд Туск беше итно евакуиран откако црвена димна бомба беше фрлена на сцената за време на свеченост во холандскиот град Вагенинген, по повод 80-годишнината од ослободувањето од нацистичката германска окупација. Инцидентот се случи непосредно пред премиерот Туск да го запали симболичниот „пламен на ослободувањето“. Во моментот на нападот, со него на сцената бил и неговиот холандски колега, премиерот Дик Шуф.
Обезбедувањето на Туск реагираше веднаш и го симна од сцената, додека публиката и водителите останаа шокирани од случувањата. Според изјавите на Туск дадени по инцидентот, за среќа, нема повредени. Светските медиуми јавуваат дека нападот можеби бил насочен конкретно кон полскиот премиер. Дополнително, за време на претходниот дел од церемонијата, кога зборуваше холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, неколку присутни извикуваа пропалестински слогани.
Холандските медиуми пренесуваат дека биле извршени најмалку пет апсења. Инцидентот фрла сенка врз инаку мирната и симболична церемонија, која беше посветена на сеќавањето на жртвите од Втората светска војна и славењето на слободата.
⚡️JUST IN – Polish PM Donald Tusk was urgently evacuated after a red flare was thrown at the stage during a memorial event in Wageningen, marking 80 years since liberation from Nazi occupation.@nexta_tv pic.twitter.com/TQaELJQ2CQ
— WORLD AT WAR (@World_At_War_6) May 5, 2025