🎥 Гори фабрика за воена опрема во Москва, на 20 километри од Кремљ

од Milan1
56 прегледи

Во московското предградие Химки од утрово гори фабрика за производство на керамички плочи, а сè уште не се знае точно дали причина за пожарот е напад на украинските сили или нешто друго.

Она што е алармантно е што Химки се наоѓа на 20 километри од Кремљ, а според информациите споделени на социјалната мрежа „Икс“ површината на пожарот е 2.000 метри квадратни и сè уште не е познато дали има жртви во пожарот и која е вистинската причина за несреќата.

Информациите споделени на социјалните мрежи велат дека фабриката произведувала високотемпературни инсталации, техничка керамика и слично, опрема која се користи за воени цели.

Слични содржини