Блискиот Исток се наоѓа на раб на отворена војна откако Иран започна голема воена операција како директен одговор на претходните напади од Израел. Воената акција, наречена „Сурорва казна“, започна со масовно лансирање ракети и беспилотни летала кон израелска територија. Според ирански извори, се работи за над 150 ракети, а небото над Тел Авив е осветлено од експлозии и противвоздушна одбрана.
Израелската армија потврди дека Иран започнал и втор бран напади, додека израелските воздухопловни сили возвраќаат со засилени операции. Воените дејствија се фокусирани и на иранска територија – според официјални информации од Ерусалим, израелските сили утрово бомбардирале повеќе цели во Иран, вклучително и објекти поврзани со нуклеарната програма и далекосежните ракетни системи.
„Станува збор за неопходна акција за спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје“, соопштија израелски владини претставници.
Во меѓувреме, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, остро реагираше, велејќи дека „Израел нема да остане неказнет“ и дека „иранските сили ќе ја пробијат секоја одбрана“.
🚨All of Israel is under fire as Iran fires projectiles🚨 pic.twitter.com/eqEGzQMiCc
— Israel Defense Forces (@IDF) June 13, 2025
На теренот, ситуацијата е драматична. Израелските власти упатија итен повик до граѓаните да останат во близина на засолништата и да ги следат инструкциите на Командата за цивилна заштита. Издадени се предупредувања да се избегнуваат јавни простори и масовни собири, додека сирени за тревога одекнуваат низ повеќе делови на земјата.
OMG ITS A DIRECT HIT IN DOWNTOWN TEL AVIV
🇮🇷🇮🇱‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/304AXW7ILa
— min (@Cn_nghienmoe) June 13, 2025
Во живо пренесуваните снимки од Тел Авив, објавени и од медиуми како Ал Џезира, прикажуваат жестоки експлозии и чад што се издигнува над градот. Очевидци сведочат за паднати ракети во градски области, иако израелскиот противвоздушен систем успева да пресретне дел од заканите.
Во овој момент, ситуацијата останува нестабилна, а стравувањата од понатамошна ескалација растат. Меѓународната заедница повикува на воздржаност, но воените команди во Тел Авив и Техеран засега не најавуваат повлекување.
MOMENTS OF ARRIVALS IN TEL AVIV pic.twitter.com/DfQUKpPqPq
— Iran Observer (@IranObserver0) June 13, 2025