🎥 Хорор на плажа во Средоземното море: Ајкула нападна пливач пред очите на сведоци

од Љубиша Владимиров
129 прегледи

Еден пливач е повреден и се стравува дека е мртов по напад од ајкула во Средоземното Море, кај брегот на Израел. На снимка што се шири на интернет, се гледа како нуркач се бори во водата, недалеку од градот Хадера, додека голем број луѓе со ужас набљудуваат. Властите спроведуваат потрага, а полицијата ја затвори плажата до понатамошно известување, се наведува во соопштението на службата за итна помош. На снимката, исто така, се гледа како ајкулата плива покрај веслачите во плитката вода. Некои луѓе со страв бегаат кон брегот, додека други изгледаат воодушевени што ја виделе морската ѕверка одблиску и во живо.

Набргу потоа, ајкула го нападнала пливачот. На вознемирувачката снимка се гледа како тој почнува панично да мавта со рацете и да се врти, додека водата околу него одеднаш станува црвена. Од плажата, луѓето со ужас гледале што се случува, немоќни да помогнат. Според извештаите од Израел, ајкулата нападнала и спасувачки нуркач кој се обидувал да го пронајде исчезнатиот пливач. Одделот за крајбрежна стража на општина Хадера соопшти дека потрагата се изведувала и со џет-ски возила.

Слични содржини