🎥 Има убиени и повредени лица, заврши заложничката драма во рускиот затвор

од Milan1
16 прегледи

Четири лица загинаа во напад на затвореник-терорист во затворот во градот Суровикин во регионот на Волгоград, соопшти Федералната служба за извршување на затворски санкции.

Во нападот се повредени четири лица. Напаѓачите првично имаа 8 заложници, а последниот заложник, затворски полицаец, го ослободи Росгвардија, и со тешки повреди е пренесен во болница.

Росгвардија соопшти дека ги неутрализирала сите четворица напаѓачи, пренесува „Н1“, елевизија.

Руските медиуми јавуваат дека затворскиот полицаец кој бил држен како заложник и кој може да се види на сите видеа објавени од групата терористи киднапери, е префрлен во болница во тешка состојба.

Во написите се потсетува дека во затворот во градот Суровикин во Волгоградската област некои од затворениците ги нападнаа затворските чувари и затворската управа и земаа заложници, соопшти претходно денеска Руската Федерална агенција за извршување на затворски санкции.

Како што се наведува, затворениците на седницата на дисциплинската комисија со ножеви ги нападнале вработените во затворот и ги земале како заложници.

Некои канали наведуваат дека се работи за затвореници кои се членови на терористичката организација Исламска држава.

Киднаперите наводно барале хеликоптер со пилот, 1,7 милиони евра и воздушен коридор на југоисток, со ветување дека доколку добијат се што бараат, ќе ги ослободат заложниците.

 

Слични содржини