Извори на тој портал обезбедија видео од апсењето и нападот на овој тинејџер, кој потекнува од провинцијата Дајкунди во Авганистан.

Извор за Авганистан Интернешнл изјавил дека инцидентот започнал кога безбедносните сили извршиле серија напади врз мигрантите во селото Апсард. Плашејќи се за својата безбедност, Сејед Меди, кој имал оштетен слух, се обидел да избега, но бил бркан и фатен од безбедносните сили.

Според овој извор, полицајците го уапсиле и жестоко го мачеле тинејџерот пред очите на неколку жени кои оделе на работа.

На видеото се гледаат двајца полицајци во цивилна облека и еден во униформа како го притискаат момчето на земја до полициско возило.

На почетокот се гледаат двајца полицајци како го притискаат телото на момчето со својата тежина. Еден од нив потоа го става своето колено на вратот на Меди. Додека тинејџерот вреска од болка, неколку жени во близина исто така врескаат и се обидуваат да интервенираат, но полицајците ги туркаат.

На видеото се гледа дека по извесно време врисоците на момчето престануваат, а полицајците потоа го вовлекуваат во полициско возило.