🎥 Италијанската премиерка до претседателот на Кампанија: Претседателе Де Лука, јас сум таа кучка Мелони

од Milan1
549 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во регионот Кампанија каде се сретна со бројни официјални лица, меѓу кои и претседателот на регионот на кого му се одмазди за неодамнешните навреди.

Имено, на почетокот на 2024 година, претседателот на овој регион Винченцо Де Лука јљ прозва премиерката на Италија за блокирање на одредени средства за овој регион.

Меѓу другото, Де Лука се осврна и на тогашната изјава на премиерката, која рече дека сите треба повеќе да работат за доброто на државата, наместо да демонстрираат.

„Овој став е неподнослив, стотици градоначалници пристигнаа овде затоа што немаат пари за обична административна работа. Ти работи, кучко“, рече тогаш Де Лука.

Неколку месеци подоцна, Мелони го виде моментот за реванш. Гувернерот на регионот ја пречека во градот Каивано, а Мелони го поздрави на прилично необичен начин.

“Претседателе Де Лука, јас сум таа кучка Мелони. Како сте?”

Слични содржини