🎥 Катастрофа во Германија: авион се урна во куќа, неколку мртви

од desk4
51 прегледи

Најмалку две лица го загубија животот кога мал авион се урна во станбена зграда во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија денеска. По падот на авионот, дел од зградата се запали и избувна пожар. Според првичните информации, пилотот и уште едно лице загинале, но засега не е јасно дали тоа лице било патник во авионот или жител на зградата. Следеше драматична спасувачка операција, а видеата од местото на несреќата прикажуваат густи облаци црн чад што се креваат од пожарот.

Според извештаите, авионот се урна во дворот пред станбена зграда во градот Коршенброих, при што дел од фасадата беше сериозно оштетен. Пилотот, на возраст од 71 година, претходно пријавил проблеми со моторот и се обидел да слета на аеродромот во Менхенгладбах, но кратко по тоа авионот се урнал.

„Слушнавме силен тресок и веднаш видовме густ чад. Трчавме да помогнеме. Еден од жителите ја видел целата случка и успеал да скокне настрана, но жена која живее во зградата, за жал, загинала“, изјави еден сосед.