🎥 Кавадарци под вода: Мобилизирани сите служби по силното невреме

од Илинка Илиоска
41 прегледи

– Мобилизирани беа сите служби во Кавадарци за чистење по синоќешното невреме, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.

-По обилното невреме кое во текот на вчерашниот ден го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, сите служби беа мобилизирани и на терен во интерес и функција на граѓаните. ЈП Комуналец, Мој општинар, ТППЕ Кавадарци работеа на расчистување на улиците од дрвја, се чистеа сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, напиша Јанчев.

Земјоделци се жалат дека има штети и кај земјoделските култури, но тие допрва ќе се утврдуваат.

Слични содржини