🎥 Кинески електричен автомобил повреди посетители на саемот за автомобили

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Исклучително непријатна ситуација за кинески производител.

Како по правило, со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија изгледаат далеку подобри. Најдобар пример за ова е системот за возење без клуч, кој понекогаш може да резултира во опасна ситуација.

Додадете на тоа екстремно агилен и тивок електричен погон и маса луѓе, а несреќата е само прашање на време. Токму тоа се случи на меѓународната изложба на возила со нова енергија во Нанџинг, пишува Index.

На настанот што се одржа минатиот месец, Zeekr го изложи автомобилот Extreme Krypton X, кој поради непочитување на безбедносните правила во еден момент почна неконтролирано да се движи. За време на несреќата повредени се пет посетители, меѓу кои и едно дете, а сите се хоспитализирани.

Слични содржини