По седум години пауза откако почина фронтменот Честер Бенингтон, легендарниот рок бенд Linkin Park официјално се врати на музичката сцена. Во 2024 година тие претставија нова пејачка, Емили Армстронг, издадоа нов албум и синоќа одржаа концерт во Минхен. Бендот настапи како дел од програмата пред финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер, одржано во Минхен.
По трагичната смрт на Честер во 2017 година, Linkin Park не настапуваа сè до септември минатата година, кога објавија дека Емили Армстронг се приклучува како нова вокалистка. Истовремено, издадоа нов сингл, а пред неколку месеци го објавија и целиот нов албум насловен „From Zero“. Linkin Park е формиран во 1996 година во Лос Анџелес, а во 1999 година им се приклучи Честер Бенингтон, кој со својот препознатлив глас стана заштитен знак на бендот до неговата смрт.
Тие станаа светски познати со својот деби албум „Hybrid Theory“, издаден во 2000 година, кој постигна огромен успех. За време на концертот во Минхен, Linkin Park ја изведоа класичната песна „Numb“ од албумот „Meteora“, како и „In The End“, два од нивните најпопуларни хита, заедно со неколку нови песни од последниот албум. Враќањето на Linkin Park со новата пејачка ги воодушеви обожавателите ширум светот, кои со нетрпение ги очекуваа новите музички изданија на овој култен бенд.