🎥 Маjка на ученик од Грац: „Син ми ми се јави и ми рече – пукаат, мислеше дека ќе умре“

од Марта Пешевска
662 прегледи

Страв и паника завладеаја во едно средно училиште во Грац кога вооружен напаѓач отворил оган врз ученици и наставници. Најмалку 12 лица се повредени, од кои неколку се во критична состојба. Една мајка раскажа за британскиот „Скај њуз“ како го доживеала најстрашниот момент во својот живот кога нејзиниот син ѝ се јавил директно од училиштето додека траело пукањето.

„Само ми рече – пукаат. Мислеше дека ќе умре. Два часа не знаев ништо за него. Конечно, ми јавија дека е жив“, изјави потресената мајка.

Според австриските медиуми, напаѓачот бил 22-годишен поранешен ученик на училиштето. Тој влегол во објектот, пукал во две училници, а потоа се заклучил во тоалетот каде што, според информациите од властите, бил пронајден мртов. Истрагата е во тек, а училиштето е затворено додека трае увидот. Локалните власти повикаа на смиреност и изразија сочувство до семејствата на повредените.