Mazda ја најавува претстојната промоција на големиот SUV CX-80, како поголема варијанта на CX-60, но со три реда седишта. Техничките детали допрва ќе се објавуваат, но двата модели најверојатно ќе бидат многу слични, освен разликата во големината.
Се вели дека новиот долгоочекуван модел нуди совршена комбинација на прогресивен јапонски дизајн и врвна технологија, перформанси и управување.
Како што беше најавено, CX-80 ќе биде најпространата Mazda достапна на европскиот пазар и ќе стане нејзин нов референтен модел на континентот.