🎥 Неочекуван потег на Сабаленка по трагедијата

од Симе Стоиков
262 прегледи

Арина Сабаленка го изненади тенискиот свет недолго по веста дека починал нејзиното момче Константин Колцов.

Сабаленка и покрај оваа трагедија реши да настапи на турнирот во Мајами, а на чудење на многумина веднаш се појави на тренинг.

Околностите под кои загина поранешниот играч на НХЛ се уште се нејасни, а според последните информации од полицијата на Флорида тој извршил самоубиство.

Ова е втора трагедија што ја доживеа Сабаленка за само пет години, по смртта на нејзиниот татко. Белорусинката не се огласи по смртта на нејзиниот емотивен партнер, а на првиот тренинг по неговата смрт се појави во целосно црна опрема.

Многумина веројатно ќе ја осудат за овој потег, но секој на свој начин се справува и се бори со тагата и трагедијата.

Сабаленка во четврток ќе настапи во Мајами, а ривалка ќе и биде Шпанката Паола Бадоса.

Слични содржини