🎥 Непознати лица пукале на полицијата во руската република Дагестан – има и мртви

од Марта Пешевска
27 прегледи

Во Махачкала, главниот град на руската република Дагестан, тројца полицајци беа убиени од непознати лица, соопштија руските медиуми. Според првичните информации, нападот се случил на аголот од улиците Керимова и Магомедтагирова, кога напаѓачите изненадно отвориле оган врз полициската патрола. Потоа, тие избегале од местото на настанот со украденото полициско возило.

Еден од напаѓачите бил убиен во пресметката, додека идентитетот на другите двајца мажи кои ги нападнале полицајците сè уште не е познат. Властите потврдија дека полицајците кои биле нападнати починале, а во тек е интензивна потрага по напаѓачите. Нападот предизвика вознемиреност во регионот, а полицијата продолжува со истрагата за идентификација на осомничените.

 

Слични содржини