🎥 Невреме во Хрватска, за 24 часа 107 илјади удари од гром

од Milan1

Силно невреме вчера ја опустоши внатрешноста на Хрватска, а најголеми штети предизвикаа во Осијечко-барањската жупанија каде силните ветрови урнаа далноводи и покриви од куќи и откорнаа и соборија дрвја. Наводно, вчера во Хрватска и регинот биле забележани повеќе од 107.000 удари од гром, пишува порталот „Неверин“.

– Веќе во понеделник попладне и навечер во некои делови од нашата земја пристигна голема промена на времето со пороен дожд и бурен ветер. За централниот и источниот дел на Хрватска поради невреме со грмотевици е издадено портокалово предупредување. Во останатиот дел од земјата издадено е жолто метео предупредување за невреме со грмежи. На некои места нема струја, вака хрватскиот портал го опишува невремето кое изминатиот ден ја зафатаи Хрватска. „24сата.хр“.

Слични содржини