Во петокот наутро, дрон ја погоди зградата на владата во рускиот регион Белгород, при што беа повредени две лица, меѓу кои и заменик-гувернерот Александар Лоренц. Нападот, според регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, го извршиле украинските вооружени сили.
„Во Белгород, дрон на украинските вооружени сили ја нападна зградата на регионалната влада. Нема жртви. Сите служби за итни случаи работат на местото на настанот“, изјави Гладков во првичниот извештај. Подоцна прецизираше дека станува збор за дрон-напад, при што биле повредени две лица.
Еден офицер од Росгвардија претрпел рана од шрапнел во бутот и е хоспитализиран. Заменик-гувернерот Лоренц, кој се наоѓал во близина на зградата во моментот на експлозијата, добил потрес на мозокот и акустична траума.
„По положувањето цвеќе на Вечниот пламен, Александар Александрович беше прегледан од лекари во регионалната клиничка болница. Ќе продолжи со амбулантско лекување“, додаде Гладков.
Истовремено, во Москва се одржа Парадата на Победата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор повика на единство, жртва и гордост, истовремено бранејќи ја руската инвазија на Украина.
На парадата присуствуваа повеќе од 20 странски лидери, вклучувајќи ги кинескиот претседател Си Џинпинг, српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо. Маршираа повеќе од 11.500 војници, меѓу кои 1.500 ветерани од боиштата во Украина, како и единици од 13 „пријателски“ земји.
Ukrainian kamikaze drone struck a government building in Belgorod region today, injuring the deputy governor and a National Guard officer. pic.twitter.com/WitLrxE96v
— Clash Report (@clashreport) May 9, 2025