🎥 Ова е моментално најпопуларниот филм на сите платформи

од Симе Стоиков
242 прегледи

Со импресивни 93% на Rotten Tomatoes, оскаровската драма за Холокаустот го зазеде првото место на новата листа на популарност на стриминг услуги.

Филмот „Зона на интерес“ неодамна пристигна на HBO Max, во режија на Џонатан Глејзер, а го следи командантот на Аушвиц, Рудолф Хос (Кристијан Фридел) и неговото семејство додека живеат и уживаат во секојдневниот живот покрај концентрациониот логор за време на Втората светска војна.

На овогодинешното доделување на Оскарите „Зона на интерес“ ја доби наградата за најдобар меѓународен игран филм, како и за најдобар звук.

Драмата од Аушвиц ги надмина Рипли, Господин во Москва, Шеќер, 3 Body Problem, како и други популарни филмови во неделата од 4 до 10 април, а според новиот извештај на feelgood.com, сè уште е на прво место, според Screen Rant.

Слични содржини