Сериозен инцидент се случил на летот од Женева до Приштина, кога патник со косовски документи се обидел да ја отвори вратата од авионот додека бил во воздух. Настанот предизвика паника меѓу патниците. Според информации на „Косово Прес“, мажот одненадеж станал и се обидел насилно да ја отвори една од вратите. Брзата реакција на другите патници спречила потенцијална трагедија. Двајца млади мажи физички го совладале и го држеле под контрола до слетувањето.
Очевидци изјавуваат дека мажот бил вербално агресивен и гласно ги навредувал другите патници. По слетувањето, инцидентот бил разрешен со интервенција на полицијата. Случајот е под истрага од надлежните органи.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.