🎥 По забраната за влез во Србија, актерот Феѓа Штукан денеска ќе биде депортиран назад во Сараево

од Milan1
1,4K прегледи

Актерот и писател од Босна и Херцеговина, Феѓа Штукан, во неделата бил приведен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а денеска ќе биде депортиран во Сараево, потврдил за порталот Нова.рс неговиот адвокат Ахмед Делимеѓац.

Делимеѓац рече дека полицијата не му дозволила да се види со Штукан, кој бил приведен додека се обидувал да влезе во Србија, како и со другиот адвокат Сеад Спаховиќ.

„Ние неговите адвокати се уште немаме добиено решение за забраната, претпоставуваме дека се работи за мерка одредена од СВР, а проблем со ваквите мерки е дискреционото оценување на Безбедносно-информативната агенција, односно тие немаат ни објаснување за тоа што тие одредуваат. Всушност, тоа е кампања против луѓе кои на овој или оној начин не им одговараат на властите“, рече Ахмед Делимеѓац.

Тој истакна дека Штукан немал добиено решение за забрана за влез во Србија, иако се зборувало за тоа, забранта му била доставена дури во неделата кога се обидел да влезе.

Медиумите потсетуваат дека минатата година актерот неколку часа бил задржан на граничниот премин меѓу БиХ и Србија. Тоа се случило откако ги поддржал протестите „Србија против насилството“, а потоа присуствувал на протестниот марш во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, Штукан во неделата бил поканет на книжевна вечер, поточно на фестивалот Крокодил.

Слични содржини