🎥 Полицијата со солзавци и водени топови тргна на земјоделците кои протестираат во Брисел

од Симе Стоиков
366 прегледи

Главниот град на Белгија и Европската унија, Брисел, денеска беше блокиран поради протестите на земјоделците.

Со трактори ги блокираа главните улици кои водат до европските институции – Европската комисија, Советот на ЕУ, но и улиците пред Европскиот парламент.

Тие во знак на незадоволство истурија поголема количина земја на улицата и го блокираа сообраќајот.

На улицата која води кон Европската комисија, како што јавуваат светските медиуми, демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец и водени топови.

Слични содржини