🎥 Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден

од Milan1
14 прегледи

Денеска полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.

– Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навлезе во дабова и букова шума,  велат од МВР.

Слични содржини