🎥 Поради лажна дојава за пожар, 18 патници повредени при бегање од авион во Палма де Мајорка

Инцидентот се случил половина час по полноќ.

од desk2
13 прегледи

На пистата на аеродромот Палма де Мајорка ноќеска се случи инцидент во авион на „Рајанер“ кој требало да лета за Манчестер. Поради лажна дојава за пожар, авионот е евакуиран, а 18 луѓе се полесно повредени.

Инцидентот се случил половина час по полноќ. Итните служби добиле повик за пожар во авион кој бил на стојалиштето, по што веднаш кон него се упатиле пожарникари со возила и екипи за итна помош.

Шест патника се пренесени в болница на дополнителни прегледи, а останатите се згрижени на местото на настанот со полесни повреди, како превиткани зглобови.

Пожарникарите од аеродромот и локалната Цивилна гарда помагале во евакуацијата на патниците, од кои некои сами скокале од крилата за што побргу да избегаат од авионот, во кој всушност не избувнал пожар. Пожарникарите користеле тобогани на надувување, но некои патници биле исплашени и не чекале да им дојде редот да се спуштат на тобоганите.

Слични содржини