На полуостровот Рејкјанес, во југозападниот дел на Исланд, денеска повторно еруптираше вулканот Рејкјанес, што е петта ерупција на овој вулкан од декември. Регистрирани се и 150 земјотреси.
Новата ерупција е резултат на еруптивната активност на вулканот што траела речиси осум недели, објавија британските медиуми.
🚨🇮🇸BREAKING: VOLCANO ERUPTS IN ICELAND AGAIN- 150 EARTHQUAKES
A volcano in southwestern Iceland erupted on Wednesday, marking the fifth eruption since December.
Live video shows the eruption on the Reykjanes peninsula, where a recent eruption had just ended after eight weeks… pic.twitter.com/OLVk3IsaGn
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 29, 2024
Исландските власти предупредуваат на ризик од обнова на вулканска активност во областа јужно од главниот град Рејкјавик, бидејќи студиите покажуваат дека магмата се акумулирала под земја.
Научниците предупредуваат дека ерупциите може да се случуваат повторно и повторно во Рејкјанес со децении, па дури и со векови. Ова е осма ерупција на полуостровот од 2021 година, кога геолошките системи кои беа неактивни околу 800 години повторно станаа активни.
За време на претходните ерупции, дојде до нарушување на греењето, клучните патишта беа затворени и неколку куќи беа срамнети со земја во рибарскиот град Гриндавик, каде што оттогаш се вратија само неколку жители.