🎥 Претепан навивач во Франкфурт

од Milan1
19 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео од брутално претепување на португалски навивач кој го тепаат неколку припадници на службата за обезбедување на стадионот, објави португалскиот портал „Рекорд“.

На снимката е прикажана сцена од натпреварот помеѓу Португалија и Словенија во осминафиналето на Европското првенство на стадионот во Франкфурт. Од засега непозната причина група обезбедувачи брутално претепале навивач на Португалија.

На почетокот двајца го држат, а третиот го удира. Откако заедно паднале на земја, пристигнале уште стражари, а навивачот бил удрен неколку пати со тупаници и клоци.

Случајот го истражува германската полиција.

„Можам да потврдам дека сме свесни за инцидентот и дека полицијата истражува што се случило“, изјави портпаролот на полицијата во Франкфурт.

Слични содржини