🎥 Принцот Луис го задева брат му Џорџ и ги освои срцата на јавноста со своето палаво однесување на прославата на Денот на победата во Европа

од Марта Пешевска
418 прегледи

Принцот Луис, најмладото дете на принцот и принцезата од Велс, повторно ги освои срцата на фановите со своето палаво однесување за време на прославата на Денот на победата во Европа. Седумгодишниот Луис беше фатен како го имитира својот постар брат, 11-годишниот принц Џорџ, за време на парадата пред Бакингемската палата. За време на церемонијата по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, Луис го забележал Џорџ како ја средува косата стилизирана со гел. Во типичен братски стил, Луис го погледнал својот постар брат, а потоа започнал да го имитира.

Џорџ успеал да задржи сериозен израз на лицето и не реагирал на задевањето на својот брат, но публиката не можела да одолее на нивните детски лудории. Урнебесниот момент брзо стана вирален на социјалните мрежи. Еден фан на социјалната мрежа X напишал: „Принцот Луис го задева принцот Џорџ секој ден“, додека друг додал: „Колку слатко. Ова не е прв пат принцот Луис да привлече внимание со своето однесување на јавни настани. Тој веќе стана познат по своите реакции за време на крунисувањето и јубилејот, кога ги покриваше ушите за време на прелет на авион и правеше гримаси кон публиката.

И во текот на истата парада, Луис беше забележан како му помага на својот татко, принцот Вилијам, чистејќи нешто од неговата униформа додека принцот Вилијам разговараше. Во еден момент, Луис беше фатен како превртува со очите поради нешто што било кажано од неговите браќа и сестри. Помладите членови на кралското семејство уживаа во воздушното шоу, а камерата го забележала моментот кога принцот Вилијам наводно им кажал на своите деца да им мавтаат на камерите, по што сите тројца се почнаа да се смеат.

Прославата на Денот на победата во Европа започна со прелетување на „Црвените стрели“ над Бакингемската палата. Иако официјалниот датум на Денот на победата во Европа е 8 мај, свеченостите започнаа порано, одбележувајќи ја победата на сојузниците во Втората светска војна пред точно 80 години. Ова е првото одбележување на Денот на победата во Европа на кое немаше членови на кралското семејство, кои беа присутни на првата прослава на овој настан во 1945 година.

И покрај историското значење на оваа годишнина, палавите моменти меѓу принцот Џорџ и принцот Луис го украдоа вниманието, потсетувајќи нè дека, и покрај нивните кралски улоги, тие се уште се само деца.

Слични содржини