🎥 Пропаднат пат, големо невреме во Србија

од Milan1
304 прегледи

Невреме пропратено со град и силен ветер вчера попладне ја погоди Србија. Најобилни врнежи придружени со град имаше во Мачва, Бачка, Срем и во населбата Златибор. Жена загина во Сомбор кога дрво паднало врз возилото што го возела. Голем пожар избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, а дел од градот остана без струја. Поради обилните врнежи од дожд пропратени со град, Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Нови Пазар донесе одлука за прогласување вонредна состојба.

Репортерот на „Еуроњуз Србија“ од Нови Пазар јавува дека невремето синоќа буквално го парализирало градот, а најголемиот проблем бил во самиот центар. Тој вели дека улиците буквално личеле на реки, а не на патишта.

Локалните жители велат дека ваква поплава не виделе 40 години. Токму кога се мислеше дека нема да се излеат реките, Трнавица се излеа и неколку домаќинства беа поплавени

Според податоците на Штабот за вонредни состојби нема повредени, но направена е голема материјална штета. Пропадна и еден пат, а сообраќајот беше во прекин. Освен тоа, поплавени се и приградските населби на Нови Пазар бидејќи се излеале многу околни потоци.

Во моментов реките се вратија во коритата, но мештаните се загрижени што за денеска се најавени нови врнежи.

Една снимка од невремето во Србија ги шокираше граѓаните на социјалните мрежи. Цел пат во Нови Пазар е пропаднат од количината на вода, а водата се излева во дупката.

Слични содржини