🎥 Пукна уште една брана во Полска: Наредена е евакуација на населението

од Илинка Илиоска
54 прегледи

Градоначалникот на Пачков, во јужна Полска, нареди итна евакуација на дел од тој град по уништувањето на браната меѓу акумулациите Топол и Козиелно, на границата со Чешка.

„Браната Топола штотуку пукна. Водата тече со многу голема брзина кон акумулацијата Козиелно“, се наведува во предупредувањето.

Инаку, Полска е една од земјите најтешко погодени од големите поплави кои зафатија делови од Европа минатиот викенд.

Полскиот премиер Доналд Туск одлучи да прогласи состојба на природна катастрофа поради поројните поплави на југозападниот и јужниот дел на земјата по обилните дождови кои во Централна Европа ги донесе циклонот Борис.

Вчера брана во југозападна Полска попушти поради поплави, а мерачот на вода на браната покажува 2.781,1 см, што, според полските медиуми, е апсолутен рекорд, пренесува N1.

Слични содржини