Во експлозија во јужниот руски град Ставропол загина Заур Гурциев (34), поранешен руски воен командант, познат по неговото учество во воздушните напади врз украинскиот град Мариупол, во кои, според проценки, загинаа околу 8.000 цивили. Информацијата ја потврди Истражниот комитет на Русија. Гурциев, кој бил повеќекратно одликуван за неговата улога во руската опсада на Мариупол, загинал во четврток заедно со уште едно лице во експлозија пред станбена зграда во Ставропол. Според првичните податоци, постои сомнеж дека станува збор за напад од бомбаш самоубиец.
На местото на настанот биле пронајдени телата на двајцата мажи со повеќекратни повреди. Веднаш е покрената истрага за убиство и незаконско поседување експлозиви. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат двајцата мажи како стојат близу паркирани автомобили и клупа, по што следува силен блесок и прекин на снимката.
Ruská média informují o útoku na Zaura Gurtjeva, majora ruských ozbrojených sil a zástupce vedoucího městské správy Stavropolu.
Gurtijev byl zapojen do válečných zločinů spáchaných ruskými silami během bojů o Mariupol. Koordinoval letecké útoky na město. V době své smrti… pic.twitter.com/bGMqUBlcsI
— Dingo🇨🇿🇺🇦 (@dngcze) May 29, 2025
Поврзано со серија атентати?
Иако официјалната причина за експлозијата сè уште не е потврдена, руските власти не ја исклучуваат можноста за украинска вмешаност. Локалните медиуми шпекулираат дека нападот можеби бил изведен со рачна граната. Гурциев наводно требало да биде назначен на позиција во регионалната администрација на Ставропол.
Гувернерот на регионот, Владимир Владимиров, изрази сочувство до семејството на Гурциев, нарекувајќи ја неговата смрт „тежок удар за регионот“.
Овој инцидент доаѓа по неколку мистериозни смртни случаи на високи руски воени функционери. Во декември, началникот на рускиот оддел за биолошко и хемиско оружје, генерал-потполковник Игор Кирилов, загина во експлозија во Москва, заедно со неговиот заменик. Минатиот месец, слична судбина го снајде генерал Јарослав Москалик.
Контакт преку апликација за геј запознавање?
Рускиот Телеграм-канал VChK-OGPU објави контроверзни детали поврзани со смртта на Гурциев. Според нивни извори, тој стапил во контакт со човек по име Никита Пенков преку апликација за геј запознавање. Истражителите наводно откриле експлицитна комуникација и фотографии меѓу двајцата.
Гурциев, кој истовремено бил и заменик-градоначалник, неколкупати се обидувал да организира средба со Пенков, но таа била одложувана поради негови службени патувања. Средбата сепак се реализирала во ноќта на експлозијата. Тие се сретнале на однапред договорена локација, по што настанала експлозијата. Прелиминарната истрага укажува дека Пенков носел торба со импровизирана експлозивна направа, наполнета со метални проектили слични на оние што се користат во воздушни пушки – со цел да се зголеми разорната моќ на бомбата. Според VChK-OGPU, постои сомнеж дека Пенков бил регрутиран од непозната група со цел да прибави компромитирачки материјали за Гурциев. Наводно, му била обезбедена „специјално опремена“ техника за видео снимање, во која можеби била вградена експлозивната направа. Истрагата продолжува, а руската јавност останува поделена околу тоа дали станува збор за терористички напад, атентат или нешто уште покомплицирано.