🎥 Се разгореа пожарите низ Македонија, изгорени се неколку куќи во светиниколско

од Milan1
63 прегледи

Изгорени се неколку куќи во светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Пожари беснеаат и во други делови на Македонија информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.

На терен се екипи на ЦУК каде се забележуваат повеќе прелети на хеликоптери кои гасат од воздух.

– На територијата на Свети Никола денеска има три пожари на отворено, има сериозен пожар во Старо Нагоричане, неколку пожари на територијата на Куманово, како и пожарот кој изби на територијата на општина Демир Хисар и се движи во насока на Охрид преку планината. Но покрај овие има и уште неколку тешки пожари. Меѓу нив пожарот кој неколку дена гори во насока на ловиштето „Јасен“ се уште е активен и попладнево повторно се разгоре. Ветерот што дува ги разгорува пожарите и дополнително го отежнува нивното гаснење, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

До 14 часот попладнево на територија на државава имало вкупно 20 пожари, од кои осум се активни, десет се изгаснати и два се ставени под контрола.

Слични содржини