Снимка која прикажува лице како шета мало дете на поводник на плоштадот Кенеди во Загреб веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Додека некои се обидоа да ја објаснат ситуацијата, други ја осудија како неприфатлива.
Некои коментатори се обидоа да ја оправдаат практиката, тврдејќи дека поводникот можеби е закачен за чанта, а не околу вратот на детето, што им овозможува на децата да имаат слобода да одат, додека родителите ги држат под контрола. Сепак, повеќето реакции беа негативни, а некои повикаа на интервенција од институциите: „Де е сега центарот за социјални работи? Па ова не е нормално…“
Снимката продолжува да предизвикува реакции и прашања во јавноста.
View this post on Instagram