🎥 Шок и паника на аеродром: Патници бегаат од авион, па следува страшен ракетен удар

од Марта Пешевска
34 прегледи

Израел започна воздушни напади врз меѓународниот аеродром во јеменската престолнина Сана, еден ден откако бунтовничката група Хути истрела две ракети кон територијата на Израел, пренесе Ал Џезира. Според телевизијата Ал Масира, која е блиска до движењето Хути, четири ракети ја погодиле пистата на аеродромот. Една од нив целосно го уништила единствениот цивилен авион на компанијата Јемениа Ервејс што се уште сообраќал од аеродромот во Сана.

Генералниот директор на аеродромот, Халед ал-Шајер, за мрежата X изјави дека авионот требало да превезе патници кон Саудиска Арабија за муслиманскиот аџилак – хаџ.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на нападот. На едно од видеата се гледаат патници и членови на екипажот како панично бегаат од авионот, кој бил зафатен од пламен неколку моменти подоцна.

„Сцени од евакуацијата на авионот на Јемениа Ервејс, неколку секунди пред да биде нападнат од ционистичкиот непријател“, напиша ал-Шајер во својата објава.

Овој напад се случува во период на зголемени тензии во регионот, при што израелските власти тврдат дека дејствуваат како одговор на директни закани од териториите под контрола на Хутите. Од страна на меѓународната заедница, засега нема официјална реакција.

Слични содржини