🎥 Силен земјотрес во водите кај Чиле – издадено предупредување за цунами, наредена евакуација на крајбрежјето

од Љубиша Владимиров
38 прегледи

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето на околу 200 километри од најјужниот град во Аргентина, Ушуаја, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 219 километри од брегот во превојот Дрејк, на длабочина од десет километри. Дрејковиот премин претставува морски пат меѓу најјужниот дел на Јужна Америка и Антарктикот.

Поради ризикот од цунами, Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување, по што започнаа евакуации во неколку земји од регионот, вклучувајќи ги и базите на Антарктикот. Чилеанскиот антарктички институт (INAHC) изјави за агенцијата „Ројтерс“ дека базите на Антарктикот се во процес на евакуација. Исто така, пристигнуваат извештаи за последователни потреси во регионот.

Претседателот на Чиле, Габриел Борик, преку социјалната мрежа X соопшти: „Повикуваме на евакуација на крајбрежјето во целиот регион Магаљанес. Сите државни ресурси ќе бидат ставени на располагање за да се одговори на евентуалните последици.“

Чилеанската агенција за управување со катастрофи упати препорака до населението да остане смирено и внимателно да ги следи инструкциите на надлежните власти и спасувачките екипи. Според локалните медиуми, во градот Пуерто Вилијамс биле евакуирани повеќе од 1.100 жители како превентивна мерка. Граѓаните се упатуваат кон подрачја со најмалку 30 метри надморска височина.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓето мирно ги напуштаат своите домови, додека во позадина се слушаат сирени. Снимките сè уште не се потврдени од меѓународните медиуми.

Слични содржини