🎥 Силно невреме го погоди југот на Србија: Затворен тунел на автопатот

од Илинка Илиоска
113 прегледи

Силно невреме зафати денес делови од Србија, а најдраматично било на југот на земјата.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат водопади со матна вода како се спуштаат од блиските ридови кон автопатот, пренесоа тамошните медиуми.

Во меѓувреме возачите беа известени дека поради лошото време ќе биде затворен тунелот Предејане, поточно десната цевка од тунелот во правец кон Врање, но и дел од автопатот бидејќи водата со голема брзина продира во него.

Слични содржини