🎥 Словенија, Хрватска и Србија зафатени со силно невреме, во Раковица настанаa водопади

од Илинка Илиоска
77 прегледи

Словенија, Хрватска и Србија синоќа беа зафатени со силно невреме, со дожд, грмежи и град, кое предизвика материјални штети.

Словенија ја зафати силно невреме со обилни врнежи, налети на ветер и град, а најмногу штети има во Долењска, каде густиот град уништи посеви, а силните налети на ветер оштетија и носеа покриви на куќи.

Поради невремето, Агенцијата за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за целата земја, јави Словенечката телевизија.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, а силните ветрови урнаа дрвја, столбови за струја и покриви на станбени, деловни и други згради.

Силно невреме синоќа ја зафати и Хрватска, претежно Славонија и Загреб, а силниот ветер, дожд пропратен со грмежи и град создаде огромни проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупања.

Во Загреб, поради оштетување на електричната мрежа и паднати дрвја, трамваите не сообраќаат, а делови од градот останаа без струја. Кон крајот на вечерта врнеше силен дожд, поради што делови од градот беа поплавени.

Невреме со силен дожд пропратен со грмежи синоќа ја зафати и Србија. Во главниот град врнеше силен дожд пропратен со грмежи. РХМЗ претходно предупреди дека силна конвективна облачност од подрачјето на Срем се движи кон Белград на запад и дека се очекуваат интензивни врнежи со грмежи во околината на Белград.

Најдраматичните снимки од невремето што го зафати Белград доаѓаат од населбата Раковица.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм, целосно е потопен дворот на зграда во улицата 17. Октомври во Раковица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Слични содржини