🎥 Снимени питони како се борат на кров од куќа

од Milan1
156 прегледи

Два питона фатени за време на жестока борба на покривот ги шокираа и најискусните фаќачи на змии!.

Австралиските експерти велат дека необичната борба меѓу двајца машки питони значи дека сезоната на парење започнала многу порано од вообичаено и наскоро би можеле да видиме повеќе змии од кога било.

– Не сме виделе мажјаци да тепаат  толку рано со години,  рекол ловецот на змии Брендон Гифорд, додавајќи дека е многу веројатно дека некаде во близина имало женка.

На снимката може да се видат двајца големи мажјаци како се надвиснуваат еден над друг на покривот на една куќа во Гимпи, северно од Бризбејн. Гифорд вели дека змиите се се туркаат една со друга додека некоја на крајот не се откаже.

Слични содржини